Можат ли измените на изборниот модел да ги одложат изборите?

0
71

Нема причина да с еодложат изборите на 12 април, дури и ако се тргне со промена на изборниот модел од вели премиерот Зоран Заев. Тој ги чека измените на Изборниот законик во Собранието  што се однесуваат на забелешките на ОБСЕ ОДИХР но потенцираше дека СДСМ ќе оди и до крај со своето изборно ветување за една изборна единица, за отворени листи и 50 – 50 отсто родова застапенст во нив, а чија промена ја поттикна помалите етнички партии.

Се надевам дека тоа ќе биде по пат на консензус и со ВМРО-ДПМНЕ и со ДУИ, но гледам дека не се одѕваа на поканите на малите партии да дојдат и  дискутираат…Верувам дека има доволно време, има уште 4,5 месеци до изборите ако не се лажам. Сето тоа не значи никаков вид на промени во избирачки одбори, не значи никаков вид промени во поставеноста на избирачките регулативи во делот на спроведувањето на фер, демократски и ефикасни избори. Или ако има што било што влијание, секако ДИК ќе се изјасни како прв орган за оваа работа. Но во секој случај ако процесите продолжуваат во Парламентот со нивната постапка ние не би гласале спротивно на нашето изборно ветување, изјави Заев.