Неидентификуван маж изгоре во пожар во Тетово

0
85

Денеска околу 04.35 часот во СВР Тетово било пријавено дека настанал пожар во импровизирана дрвена барака на ул.„Љубо Божиновски-Пиш”, во непосредна близина на спортската сала во Тетово.

Во пожарот бараката целосно изгорела, а на местото било пронајдено изгорено, безживотно машко тело.

Јавен обвинител, екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина извршиле увид, а по наредба на Јавниот обвинител телото било предадено за идентификација и обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје, се наведува во соопштението од МВР.