НЕКОЛКУ КЛУЧНИ ПРОБЛЕМИ: Еве што ги загрижува производителите на мед

0
150

Љупчо Станковски, пчелар и председател на Здружението Агро Фаланга од Велес, oбјаснува дека има дискусија меѓу производителите на мед за цената. Тој вели дека бројот на прозводители на мед е нагло зголемен во последно време во земјава, а во зависност од тоа каква  била годината, врз основа на приносите се дефинира и цената. Но, за повеќето граѓани цената од 400 до 600 денари за тегла мед е скапа, затоа што за многу работници кои работат за минималец тоа е цела дневница.