Нема веќе легализација од 1 еври, тој што гради на диво ќе треба да го одврзе паричникот

0
87

Целата сума за комуналии и дополнителни 50 отсто казна од сумата за комуналии ќе треба да плати секој кој изградил дивоградба. Ова е новото предлог решение кое треба да биде испратено до владата околу легализацијата на дивоградбите.

Легализацијата од 1 евро се укинува.

За да нема забуна, постапките кои се водат и се водат во општините, тие постапки си продолжуваат по едно евро. Бидејќи општините за дел од предметите не постапиле согласно тој закон за легализација. А рокот негов беше 31 .12.2018 година, и општините по тие постапки се уште постапуваат“, изјави Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.