Нема ниту термини, ниту бесплатни вакцини – нови ќе се набават преку американска донација

0
79

Голем број на пензионери и хронично болни за кои беа наменети бесплатните вакцини останаа без заштита против грип. Нема веќе слободни термини за закажување и до 20 декември зафатени се сите датуми за 28 те илјади дози  што ги набавија здравствените власти. Боцкањата ги прават тимови за имунизација во центрите за јавно здравје а во Скопје и во поликлиниките Букурешт, Чаир и Ѓорче Петров.

-Има голем интерес за бесплатните вакцини и колку и ние што знаеме веќе нема термини. Морам да кажам дека граѓаните закажале термин да знаат дека имаат вакцина и нема потреба пред време да доаѓаат во просториите за вакцинирање, вели др. Билјана Даниловска, шеф на епидемилогија во ЦЈЗ Скопје.

Навистина сум задоволен од интересот што граѓаните го покажаа за бесплатна вакцина за грип. Дозите ги одредивме врз основа на буџетот што го имавме на располагање и врз основа на донацијата што ни беше понудена од Американскиот центар за јавно здравје. Тие дополнителни количини вакцини за кои сметаме дека ќе бидат сосем доволни со оглед на бројката на овие ризични групи кои сакаме да се вакцинираат се веќе на пат и тие ќе бидат скоро во нашата земја, изјави Филипче по трибината со здравствените работници.