Ова е планот за иднината на Попова Шапка, забранет да го види јавноста

0
85

Физибилити студијата за Попова Шапка која ја обезбеди Алсат препорачува јавно-приватно партнерство како решение за овој туристички центар. Студијата предвидува и можност за трансфер на хотелите во сопственост на приватен партнер, а ски-лифтовите да останат во сопственост на ЕЛЕМ.

Во студијата е дадена и можноста за продажба на Попова Шапка. Во документот се препорачува веднаш да се започне со приватизација на државните угостителски капацитети. Во однос на ски-центарот кој е земјоделско земјиште во различна сопственост, се препорачува ЕЛЕМ да формира претпријатие за управување со ски-лифтовите во рамките на договорот за продажба или партнерство, но кој ќе раководи со сите домашни ски-лифтови не само со оние на Шапка и кое ќе биде независно од Акционерското друштво ЕСМ.