Одливот на мозоци ја чини Македонија илјадници евра

0
83

Одливот на мозоци ја чини Македонија илјадници евра.

Младите масовно се отселуваат од Македонија, а државата губи по околу 16.000 евра годишно за секој отселен млад човек, покажуваат анализите од меѓународните организации.

Во изминативе 15 години земјава ја напуштиле речиси 500.000 луѓе покажуваат анализите на Светска банка.

Се поставува прашањето што е потребно да се направи имајќи предвид дека надлежните институции многу малку преземаат системски мерки.

Пред се потребата од попис е потребна бидејќи според Државниот завод за статистика само 141 човек се отселил од Македонија во 2017-та, додека според Светската банка таа бројка изнесува од 400 до 600.000 луѓе,вели Иво Јованов, координатор на Мрежата за спречување на одлив на мозоци.