ОПШТИНАТА КАРБИНЦИ ЌЕ ДОБИЕ НОВА ФИЛТЕР СТАНИЦА

0
135

Општина Карбинци ќе добие нова филтер станица. Со тоа трајно ќе се реши проблемот со вода за пиење на осум села или околу 3500 жители. Тендерот за нејзина изградба е веќе распишан. Целата инвестиција е 2.7 милиони евра, а по изборот на изведувачот треба да биде завршена за една година. Според градоначалникот на Карбинци, освен чиста, изградбата на филтер станицата на жителите ќе им донесе и поевтина вода за пиење.

Општина Карбинци е првата општина што ќе користи средства од Владата наменети за ставање во функција на хидросистемот Злетовица. Освен во Карбинци со пет милиони евра, треба да се изгради филтер станица во Лозово, додека Штип и Свети Николе ќе го прилагодуваат и прошируваат  капацитетот на постојните. Без нивно приклучување  Злетовица останува нерентабилна бидејќи вода од неа користат само Свети Николе и Пробиштип. Работите треба да се сменат  со реализицијата на двете  наредни фази- наводнување на 4500 ха во Кратово и Пробиштип и изградба на шест хидроцентрали со вкупна моќност од 10 мегавати.