ОПШТИНА ГОСТИВАР: ПОКРИВОТ НА ООУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ НЕ СЕ РЕКОНСТРУИРА СО ПОМОШ ОД ВЛАДАТА

0
72

Општина Гостивар демантира дека покривот на ООУ „Гоце Делчев“ во Гостивар е реконструиран од Владата како што било кажано на денешната трибина што СДСМ ја одржа во градот. Преку писмено соопштените оттаму истакнаа дека покривор е е резултат на заложбата на Општина Гостивар и помош од меѓународната заедница.

– На денешната средба со граѓаните на Гостивар, премиерот на Република Северна Македонија се обиде со невистини да ја врати изгубената доверба на граѓаните на Македонија воопшто, а особено на граѓаните на Гостивар, соопшти Општина Гостивар, пренесувајќи ја изјавата на гостиварскиот градоначалник и генерален секретар на партијата „Алијанса за Албанците“ Арбер Таравари дека е „општопознато дека покривот на ООУ „Гоце Делчев“ го финансира УНДП преку проект на Швајцарската амбасада и Општина Гостивар, без никаква помош од Владата на РСМ“, рекоа од Општина Гостивар