Оружени разбојници ограбиле обложувалница

0
67

Разбојник кој е во бегство заработи кривична пријава од Основното јавно обвинителство. Тој според ОЈО е обвинет за кривично дело разбојништво. Обвинетиот и неговиот соизвршител, по претходен договор, на 9 минатиот месец влегле во објект на спортска обложувалница на улица „Зеничка“ во Скопје, па и се заканиле на една од вработените. Еден од разбојниците со вперан пиштол побарал од жената да му каже каде се парите, па ја турнал до ѕидот, додека другиот од една од фиоките зел 133.460 денари.