Осум сообраќајки во Скопје, казнети 99 возачи за непрописно паркирање

0
143

Четири лица се здобиле со лесни телесни повреди во три од вкупно осум сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во пет сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Според податоците на СВР Скопје, од сообраќај полицијата исклучила шест возачи кои  управувале возило под дејство на алкохол, 15 возачи пред да се стекнат со право на управување моторни возила, тројца возачи почетници и 18 нерегистрирани возила.