ПАТНИЦИТЕ ВИДОА ДВЕ ИЗГРЕЈСОНЦА: Урнат рекордот за најдолг лет во историјата

0
82

Патничкиот авион  Боинг 787-9 „Дримлајнер“ урна рекорд и со тоа ја прослави  австралиската авиокомпанија „Quantas Airlines“ со најдолгиот лет во историјата.

Авионот, кој леташе од Лондон до Сиднеј, поминал 19 часа и 19 минути во воздухот, со што го срушил октомврискиот рекорд за пет минути.

Во текот на летото, патниците имаа единствена можност да го видат изгрејсонцето и во Европа и Азија.

Овие летови се извршуваат во рамките на Проектот Изгрејсонце за да се тестира нивната профитабилност.