ПЕНДАРОВСКИ: КОНТЕКСТОТ НА ИЗЈАВАТА Е ЗА ЕВРОПСКАТА БЕЗИДЕЈНОСТ ПО СЛУЧУВАЊАТА ВО БРИСЕЛ

0
92

Европската безидејност и долгите чекања пред вратите на ЕУ но и сеуште неизвесната методологија – ова е контекстот на изјавата за иселувањето која неодамна ја даде шефот на државата.

Пендаровски денеска се дообјаснува но и се се извини доколку како што рече ваквиот вокабулар делува демотивирачки за младите во земјата но и побара извинување од сите досегашни влади вклучително и актуелната зошто не успеале да се справат со овој тренд на иселување. Одговорноста лежи во сите вклуичително и во мене што во овие 6 месеци ниту јас како претседател не успеав да направам нешто повеќе додаде Пендаровски .

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак и денеска со критики на адреса на шефот на државата порачувајќи дека неговата изјава е потврда за суровата реалност на младите кои заминуваат . Обвинувања упатија и до власта оти не успеала да се справи со овој тренд.