Пирати нападнаа грчки танкер во близина на Того

0
89

„Вооружени лица го нападнаа танкерот Елка Аристотел на 18 милји од пристаништето Ломе во понеделникот наутро“, соопшти морнарицата.

Меѓу киднапираните морепловци се двајца Филипинци, еден Грк и еден Грузиец. Обезбедувањето на бродот им се спротивставило на пиратите, а еден од нив  бил повреден.

Иако случаите на пиратски напади опаѓаат низ целиот свет, Гвинејскиот Залив останува област со висок ризик од киднапирања и вооружени грабежи, предупредува Меѓународното поморско биро.

Два дена порано, сличен напад се случи во водите на соседниот Бенин.