Пијан прилепчанец тепал Бугарин

0
88

Доцна синоќа пред пекара на булеварот Јане Сандански приведен бил Д.Б.(32) од Прилеп, кој бил во алкохолизирана состојба.

Од МВР велат дека тој агресивно се однесувал кон полициските службеници, а претходно во угостителски објект на булеварот физички го нападнал А.А.(32) од Бугарија.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок