Позитивна првична оценка од СЕП за нон-пејперот, но и дилеми

0
144

Седумте области во нон-пејперот на Франција според вицепремиерот Бујар Османи содржат седум позитивни работи за земјава, но и  отвора и многу прашањ и делиме кои дополнително ќе се расчистуваат.

Позитивните според него се дека доаѓа многу брзо по октомврискиот самит, потврдува дека нема друга алтернатива освен членство, земјава ќе може да ги користи фондовите наменети за членките на ЕУ, постриктниот мониторинг на пристапувањето што ќе ги држи владите фокусирани, а реверзибилноста на процесот и деталните патоказите за секоја земја се стимул за фокусираност и забрзување на процесот.