После ова, играта се менува: Објавен извештај за финансирањето на ВМРО ДПМНЕ, партијата должи фрапантни 400.000 евра за Претседателските избори

0
140

Овој податок излезе во извештајот кој го објави Државниот Завод за Ревизија.

Опозициската ВМРО ДПМНЕ со долг од речиси 400.000 евра ја затворила сметката по претседателските избори кои се оддржаа лани, а на кои доживеа катастрофален пораз.

Ништо не ќе беше чудно, само доколку изборниот Законик не велеше дека сите политички партии пред изборите отвораат специјално наменети сметки за тој изборен циклус, а тие мора да бидат затворени на салдо нула.