ПОТРАГА ПО ПРЕЖИВЕНИ – РАСТЕ БРОЈОТ НА ЖРТВИ ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО

0
122

Знамињата во албанија денеска се на половина копје откако владата прогласи ден на жалост по најсилиот земјотрес кој ја погоди државата во изминативе неколку декади..Откажана е наставата во сите училишта а и фудбалскиот сојуз ги откажа сите натпревари за оваа недела…Во регионот на Драч и Тирана, двете области најтешко погодени од земјотресот, прогласена е вонредна состојба.

Наместо празникот ден на знамето кој требаше да се прослави на 28-ми ноември, ќе има ден на национална солидароност, најави Еди Рама за време на вонредна седница на владата…

„Сакаме да имаме три дена на национална жалост, имајќи го предвид вонредниот обем на трагедијата.“ – изјави Рама.