Почина маж погоден од куршум за време на лов

0
75

Триесет и едногодишно лице од селото Богородица почина за време на лов на планината Кожуф.

МВР јави дека тој бил погоден од кушум од страна на Б .Ѓ. (52) од Гевгелија и починал на местото на настанот.

Смрт констатирал лекар од итната медицинска помош од Гевгелија.

„Б. Ѓ. бил приведен во полициската станица, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција“, информираат од полицијата.