Почна чистењето на дивата депонија на улицата Новопроектирана во Кисела Вода

0
79

По барање на граѓаните, Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „Комунална хигиена“ денеска почна со активности за чистење на една од најголемите диви депонии на својата територија.

Од Општината информираат дека досега на депонијата, лоцирана на улицата Новопроектирана, биле собрани 150 кубни метри отпад и дека активноста за чистење на депонијата продолжува.