Почна чистењето на дивите депонии

0
128

На теритоеријата на Општина Росоман почна реализацијата на проектот за чистење на  дивите депонии . Во работна посета на Општината денеска беше и Ана Каранфилова Мазневска, раководител на Секторот за управување со отпад  при Министерството за животна средина и просторно планирање.

Проектот се реализира со буџетски средства обезбедени од ова министерство. Целта е да се исчистат идентификуваните диви депонии што се наоѓаат во општина Росоман, собирање на отпадот и носење на една локација, на постоечката депонија која се користи од страна на општината.

– Повеќе од илјада диви депонии беа регистрирани  во државата, а некои од нив се и од пред 1960 година, од 1954 година. Диви  депонии се викаат, тоа се всушност ѓубришта. Затоа што и депониите кои се користат од страна на комуналните претпријатија, општините, се нестандардни и не се такви какви што би требало да бидат. Нив ги викаме депонии или нестандардни депонии, а малите или поголеми ѓубришта ги нарекуваме диви депонии- појасни Каранфилова Мазневска.