Пратеникот Ацевски демантира дека бил насилен кон сопругата, откако била повикана полиција во неговиот дом

0
86

Сопругата на пратеникот од редовите на СДСМ Костадин Ацевски, Марија Ацевска, повикала полиција по расправија со него во домот скопската населба Ѓорче Петров.

На 27.11.2019 год во 21,30 часот во СВР Скопје се јавила М. А. (37) од Скопје и пријавила дека сопругот К.А. (40) од Скопје се расправал со неа и сакал да ги земе со него нивните деца“, информираат од МВР.

Сопругата на Ацевски вели дека не била нападната ниту физички, ниту вербално и дека тој со неа се однесувал внимателно..