Пратеникот Влатко Ѓорчев во хуманитарна акција во Драч

0
89

За разлика од многуте други пратеници, вклучително и оние Албанци во македонското собрание пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев беше присутен во Албанија за да им помага на настраданите кој беа оштетени од земјотресот кој се случи вчера во Албанија.
Ако некој има храброст, потегот на пратеникот ѓорчев да го нарече дека е направен за придобивање на политички поени, сигурно дека токму тие, никој не ги спречил, вклучувајќи ги и другите пратеници да одат и да помагаат, дури и за политички цели.
Затоа, хуманитарната акција на пратеникот Ѓорчев мора да биде високо ценета од сите луѓе кои имаат одредено чувство за хуманост.
Објавувањето го направи самиот пратеник на неговиот Фејсбук профил, придружено со фотографија подолу.
“Денес бев таму и помогнав колку што можев. Бев на конференција во Тирана со учесници од целиот Балкан, но ги видивме вестите.
Слушнавме дека е потребна помош и отидовме во Драч. Растоваривме два камиони со вода, сокови, кутии со храна… Ако треба, ќе учествуваме во расчистувањето на урнатините.
Тажна глетка, со човечки трагедии, но и многу луѓе кои сакаа да помогнат, многу добри дела, човечност.
На Балканот мора повеќе да си помагаме. Скопје е град на солидарноста. Град изграден од пепелот на земјотресот. Наша обврска е да помагаме, а Македонија е добар сосед.
Stay strong Durres! Tung!” , пишувал Ѓорчев на Фејсбук.
facebook.