Преквалификација на млади луѓе за да можат да најдат работа во својата држава

0
130

Битолчанка Мила Најденовска  е меѓу оние млади  луѓе кои  одлучија да не заминат во странство и  да останат во родниот град.  Завршила Технички факултет, се уште е невработена, па на 27 години одлучи да се преквалификува и да учи компјутерски вештини за полесно да најде работа во ИТ секторот. Таа е еден од учесниците во проектот „Дизајнира ја својата работа“  кој е финансиран од Еразмус плус програмата  за преквалификација на млади и невработени лица.

-Последните 10 месеци интензивно работевме, почнавме од нула, буквално од почетно ниво. Потоа со слеедење на професори, го зголемивме нашето знаење, така што сега сме спремни да работиме во некоја фирма. Целта ми беше да  останам тука во Битола, да не замислувам дека сакам да одам во странство и да немам таква желба, вели Мила Најденовска.