ПРОТЕСТ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО СУДСКАТА СЛУЖБА ПРЕД ОСНОВНИОТ СУД ВО ОХРИД

0
71

Вработените во администрацијата во Основниот суд во Охрид  утрово протестираат, со цел да го искажат незадоволството од работата на Судската служба, како и поради неисплатата на средствата за вработените што беа обезбедени преку преговорите што со Владата ги имаше Синдкатот на УПОЗ и Здружението на судска администрација.

Тие побараа од Судскиот буџетски совет да прекине со праксата на, како што истакнаа „дискриминирачки, егоистичен и игноратски однос“ кон судската служба, со забелешка дека средства за судиите секогаш се обезбедуваат, додека за службата нема.

Истовремено, вработените во судската администрација бараат од Министерството за правда под итно да пристапи кон измени на законите, со утврдување поинаква позиција на Судската служба, во смисла на нејзина независност од Судскиот буџетски совет, формирање тело одговорно за вработените во судската служба.