Рама: Политичарите во Приштина ја загрозуваат надворешната политика на Албанија

0
183

Албанскиот премиер Еди Рама рече дека политичарите во Приштина се спротивставуваат на иницијативите за создавање „мал шенген“ што ја загрозува надворешната политика на Албанија заради нејзините домашни политички интереси.

Таканаречениот „Мал шенген“ е иницијатива на Албанија, Србија и Северна Македонија за зајакнување на регионалната соработка.

Рама во изјава за албанската телевизија Топ Канал рече дека тој долго време му објаснувал на лидерот на движењето Самоопределување и веројатно на следниот косовски премиер, Албин Курти, какво е значењето на „малиот Шенген“ и дека ќе биде изненаден ако не разбрал, затоа што „доволно е интелигентен“.

„Ако тој се преправа дека разбира или не разбира, тоа е неговиот избор, но надворешната политика на Албанија се чини дека се користи за внатрешни цели. Не верувам дека ова е најдобро, ќе имаме време да разговараме и да ја продлабочиме дискусијата”, рече албанскиот премиер.

Коментирајќи ја изјавата на Курти за отворање на границите меѓу Албанија и Косово, Рама рече дека такво нешто не може да се направи без согласност на Србија.

„Ако Курти сака да отвори граници, тогаш тој мора да се согласи со сите држави“, рече албанскиот премиер Еди Рама.