Сасоли: Има опасност од надворешни влијанија во региониот

0
104

Франција, Холандија и Данска ги преиспитуваат нивните “Воздржани“ позиции за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија и Албанија. Ова го потврди претседателот на Европскиот Парламент Давид Сасоли. Велиа дека земјата треба да продолжи по започнатиот пат.

Некои од причините што ги наведоа тие земји треба да се преиспитаат и да се сфатат и верувам дека аргументите што беа кажани од владите на трите земји може да се надминат. Мислам дека во овој момент одредени влади се во фаза на менување на мислењето, односно ги преиспитуваат одлуките што ги донесоа. Но, да бидам јасен, ние не сме слушале ниту едно децидно “НЕ“. Сега чекаме за неколку месеци да се смени одлуката и ова можеби ќе им овозможи на институциите на Северна Македонија да почнат и со други реформи и да не застануваат“-рече Давид Сасоли, претседател на Европскиот парламент.