СДСМ: Буџетот за 2020 година е грижа за човечкиот капитал

0
67

Централно место во предлог Буџетот за 2020 година е грижата за човечкиот капитал, за луѓето, за подобрувањето на животниот стандард на сите граѓани, а не лажен барок, жални врби и споменици.

Владата предводена од СДСМ го утврди буџетот за идната година со истото особено внимание кое постојано е насочено кон граѓаните, со посебна грижа за лицата кои спаѓаат во ранливите категории, кои ВМРО – ДПМНЕ 11 години ги остави на маргините на општеството за сметка на богатење на неколку поединци на врхушката на партијата.

За разлика од расипничката ВМРО-ДПМНЕ која парите на граѓаните ги трошеше на лажен барок, политиките на СДСМ даваат конкретни и реални резултати – како растот на минималната плата на досега рекордно ниво од 14.500 денари, рекордно зголемување на платите на лекарите и на медицнските сестри, трето покачување на платите во образованието за вкупно 21% за 2,5 години, навремена и неселективна исплата на субвенциите.

Додека ВМРО-ДПМНЕ Буџетот го трошеше на криминални тендери, СДСМ во Буџетот за 2020 година испланира покачување на пензиите, за 700 денари кои заедно со веќе постоечкото усогласување со растот на трошоците за живот ќе пораснат вкупно за 850 до 900 денари.