СДСМ поднесува барање за автентично толкување на Законот за помилување

0
85

Со барање до Собранието за автентично толкување на членот 11 од Законот за амнестија СДСМ во обид да ја пресретне одлуката на Уставен суд која би значела пропаѓање на случаите кои што ги отвори Специјалното јавно обвинителство. Социјалдемократите очекуваат поддршка од сите пратеници.

ВМРО ДПМНЕ засега без конкретен став за барањето на СДСМ. Но, лидерот на партија, Христијан Мицкоски на Фејсбук пишува дека власта предизборно отвора стари теми со цел да ги покрие актуелните афери.

„Иако сега власта ќе крева прашина, ќе создава вештачки непостоечки теми и хипотези, и ќе истакнува колку тие се против, сепак останува фактот дека ова е тема која единствено им одговара на Заев и СДСМ. Јас компромис со правдата не правам, ниту сега и во иднина, а до крај ќе бидам за доследна примена на законите и Уставот, воспоставување на независно судство и обвинителство, како и одговорност за секој докажан криминал“, пишува Мицкоски.