Се бројат жртвите, падна авион во Конго

0
86

СВЕТСе урна патнички авион во КонгоОбјавено пред 54 минути – 24 ноември, 2019Од Макфакс

Неколку лица загинаа кога се урна патнички авион со 17 патници во градот Гома, на истокот од Конго, соопшти канцеларијата на локалниот гувернер.

„Авионот во сопственост на локалната компанија „Бизи Би“ се урна за време на полетување на патот кон градот Бени“, се наведува во соопштението.

Уште не е утврден конечниот број на жртви, јави „Ројтерс“.

Во октомври, осум патници загинаа во пад на авион по полетување од истиот аеродром.

Британската агенција наведе дека авионските несреќи се релативно чести во Конго, поради ниските безбедносни стандарди и лошото одржување на леталата.

На сите комерцијални авиокомпании во земјата, вклучувајќи ги и „Бизи Би“, забрането им е да работат во Европската Унија.