Скепса во Берлин: Париз сака да го сопре проширувањето на ЕУ?!

0
82

ЕУ не функционира така“, критикува Катја Лајкерт одговорна за европска политика во ЦДУ/ЦСУ, партијата на канцеларката Меркел, по францускиот нон-пејпер за реформа на преговарачкиот процес. Таа не е единствената која вели дека е скептична во однос на францускиот предлог и смета дека тој нема многу да постигне. Добро е што француската влада дава конструктивни предлози за проширувањето на ЕУ, вели Лајкерт за ДВ, но тоа не може да се спроведува со вето.
„Не може да се спроведе реформа на процесот на проширување со тоа што ќе се условува согласноста за него со вето за почетокот на преговорите, како што тоа го стори Макрон со Албанија и Северна Македонија. Така не функционира ЕУ“, вели Лајкерт. Според неа, за реформите се потребни компромиси, а компромисите бараат време.
„Ќе го прекршиме ветувањето кон Западниот Балкан доколку дотогаш го ставиме на мраз проширувањето. Во тоа малкумина гледаат реформа на нашиот интерен процес, а многумина гледаат обид да се сопре проширувањето“.
Лајкерт смета дека и одредени предлози на Франција во нон-пејперот се проблематични.
„Во некои делови предвидени се основни чекори кон интеграција во време кога целиот процес треба да биде реверзибилен, како што е членството во Банкарската унија или слободното движење. Какви проблеми можат од тоа да произлезат и каква штета таквите реверзибилни процеси можат да предизвикаат многу јасно ни покажува Брегзит. Мора добро да се размисли дали тоа може да функционира”, предупредува Лајкерт. Со идентични ставови излезе и германскиот европратеник Дејвид Мекалистер.