Скопјанец повреден откако паднал од скеле во РЕК Битола

0
88

Скопјанец се здобил со тешки повреди откако паднал од скеле додека работел во РЕК Битола, информираат од МВР.

На 24.11.2019 во 11,40 часот во СВР Битола било пријавено дека во Клиничка болница во Битола бил донесен Д.Н.(39) од Скопје, кој се повредил при извршување на работни задачи во РЕК Битола, паѓајќи од скеле. Увид е извршен од страна на увидна екипа на СВР Битола, а известени се трудов инспектор и Јавен обвинител“, се вели во соопштението на МВР.