Скопје и Тетово денеска се гушеа во смог и магла

0
139

Магла, смог, загаден воздух. Ваква глетка утринава ги дочека скопјани и тетовчани. Во овие два града мерните станици за квалитет на воздухот измерија најголема концентрација на ПМ10 честички кои се штетни за здравјето. Ново Лисиче, Ректорат, Центар и Карпош најзагадените населени места во главниот град, каде ПМ10 честичките достигнаа и неколку пати над дозволеното ниво. И денеска Скопје се најде во првите 20 градови најзагадени во светот.

Со самиот почеток на зимата почнува и полнењето на Клиниките за белодробни заболувања од страна на граѓани кои се жалат на потешко дишење. Особено најпогодени се најмалата популација односно дечињата. Според податоците на Светската банка, аерозагадувањето ја чини државата околу 300 милиони евра годишно за здравствени услуги, а според светската здравствена организација како последица од загадувањето на годишно ниво умираат 1.300 луѓе во земјава.