Славија Прага со перфектно дефанзивно издание ја неутрализираше Барселона на „Камп Ноу“

0
179

Славија Прага не заслужи да загуби на домашен терен во Чешка од Барселона, но тоа што не успеа да го освои на домашен терен, оваа вечер го оствари на едно од најтешките гостувања во Европа.

Според многумина, средбата на „Камп Ноу“ требаше да претставува само чиста рутина за играчите на Барселона кои пред три дена разочараа против Леванте, но наместо да се рехабилитираат, избраниците на Ернесто Валверде уште толку ќе добијат нови критики за катастрофалната игра. Во ситуација кога се чекаше само момент на испирација на Лионел Меси, Аргентинецот ја изрежира најдобрата индивидуална акција пред крајот на првиот дел, кога немаше доволно среќа, погодувајќи го само дирекот по фантастичниот слалом.

Во вториот дел, иако се очекуваше огромен притисок од фаворитот, гледавме само неубедлива и неинвентивна игра, нешто што во најголем дел од случаите и помогна на Славија Прага да има перфектно дефанзивно издание, со кое си освои голем бод на „Камп Ноу“.

На вториот меч кој се одигра во 18:55 часот, Лајпциг славеше на гостувањето кај Зенит со 0:2.