Сообраќајна несреќа во Скопје – две лица повредени

0
133

Тешка сообраќајна несреќа во Скопје, Според инфорамациите на МВР, вчера  20.50 часот на ул.„Козле“ во Скопје, мотоцикл  „кивеј“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Ј.(39) од Скопје, удрил во паркирано патничко возило „тојота јарис“, со скопски регистарски ознаки. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката на мотоциклот Т.П.(40) од Скопје, додека мотоциклистот се здобил со телесни повреди.

Тие биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.