СРЕДБА ДИМИТРОВ – ДЕНДИАС: ИМАМЕ ЗАЕДНИЧКА ИДНИНА И ПАТ, АКО ГЛЕДАМЕ ДОБРОНАМЕРНО

0
139

Голема ќе биде нашата иднина ако ја гледаме добронамерно, порачаа шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција. Сериозни доцнења со имплементација на обврските од Преспанскиот договор, а Никола Димитров и Никос Дендиас со воздржани одговори и дипломатски пораки.

Дендиас го повтори ставот на грчката Влада дека и покрај тоа што не се согласуваат со него – Преспанскиот договор е завршена работа и мора целосно да се импементира.

И во Северна Македонија постојат сериозни доцнења. Разговаравме искрено, како и секогаш со господинот Димитров. Постои амбасадор кој е одговорен за имплементација на договорот, во таа смисла одиме напред. Имаме долгорочна стратешка цел, влез на Западен Балкан во ЕУ. Услуга не може да се направи никому, како ние го поминавме овој тест, така и останатите треба. Северна Македонија ја има поддршката од некој кој го поминал овој пат. Ние ѝ нудиме на Северна Македонија секаква соработка. Грција е тука за да помогне секаде каде што може“,