Српскиот претседател Вучиќ пуштен од болница

0
179

Здравствената состојба на српскиот претседател Александар Вучиќ е стабилна и тој беше пуштен по лекување во Воената медицинска академија, објави денеска српската радио телевизија. Вучиќ претходно објави дека денеска повторно ќе се врати на работа. Тој беше примен во ММА во петокот заради кардиоваскуларни проблеми.