Странските компании бараат намалување на царини, Владата сѐ уште анализира

0
127

Владата не им дала конкретен одговор на едно од главните барања на Советот на странски инвеститори за намалување на царината за увоз на производи. Можното намалување на царината, прво ќе треба да подлежи на детална анализа, бидејќи поради намалувањето, ќе се појави недостаток на пари во буџетот. Од Владата преку соопштение до јавноста информираа дека усогласување на цариските тарифи се обврска на земјава кога ќе стане дел од ЕУ, и покарај барањето на Советот на странски инвеститори

„Едно од главните барања е данокот на увоз на производи. И премиерот заедно со надлежнте министерства потврди дека постави луѓе кои ќе анализраат. Премиерот Зоран Заев беше присутен, треба да бидам внимателен за да го цитирам премиерот, рече дека имаме волја да го разгледаме, но мора да сфатите дека може да име недостаток на прихдоите во буџетот. Што е и разбирливо. Ако овој недостиг во буџетот може да се компезира со поголемо производство, тогаш тој има волја да го прилагоди системот“, рече Штефан Петар – претседател на совет на странски инвеститори