Субвенционираните инвертери се најавуваат за среде зима

0
82

Сред грејна сезона ќе се делат субвенции од по 1.000 евра за вградување на инвертер-клими во замена за печките на огревно дрво. Парите во висина од 10 милиони евра веќе се обезбедени од страна на АД Електрани, но сепак останува да се завршат останатите процедури.

„Постапката е веќе во тек на седница на Влада веќе се предложени статутните измени на компанијата, обезбедени се средства од фондот, подготвена е и програмата која што треба да ја достави Министерството за животна средина….. Очекувам во најскоро време за недела до две целата процедура да биде завршена и граѓаните да можат да аплицираат“-изјави Васко Ковачевски, генерален директор на АД ЕСМ.