СУДИИТЕ СЕ ПОЖАЛИЈА, РУСКОВСКА ПОВИКАНА ДА ДАДЕ ОТЧЕТ ЗА СМС ПОРАКИТЕ

0
73

Обвинителката Вилма Рускоска утре ќе треба да даде отчет пред Советот на јавни обвинители за заканувачката СМС порача испратена до судиите кои ја пуштија Катица Јанева во домашен притвор. Првиот човек на советот Ацо Колевски за ТВ24 потврди дека дописот од Апелација стасал до Советот, а откако ќе го чујат и ставот на Рускоска вели ќе излезат со свој став.

Судскиот совет пак, остро ја осуди Рускоска и обвини за вршење притисок врз судството. Зад апелациските судии застана и претседателот на Советот.

Судскиот совет ќе застане позади секој судија кој чесно, совесно и професионално си ја врши својата работа. А не против судии, коишто постапуваат спротивно. Пo однос, на изјавата на Рускоска пративме наша реакција вие ја знаете содржината и не би сакал да го повторувам она што го дадовме за јавноста.“ – вели Киро Здравев – претседател на Судски совет.

Рускоска не сака да коментира ништо повеќе. Во СМС порака само ни одговори дека стои зад соопштението на Јавното обвинителство, според кое, изјавата на обвинителката дека, како што рече, ќе ги истресе од гаќи судиите кои ја пуштиле Јанева да излезе од Шутка, не е закана туку момент на разочарување.