СУДСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА НАЈАВУВА „БЕЛ ШТРАЈК“

0
131

Судската администрација се заканува со бојкот на работата во судовите, поради доцнењето, но и висината на додатоците за плати. УПОЗ и Здружението на судска администрација, денеска прстот го вперија во судскиот буџетски совет, кој велат носат одлуки само во корист на судиите, па испорачаа неколку барања.

– „Корекција на одлуките за додатоците на плати за октомври и септември. Итно донесување на правилникот за судска полиција односно правилникот за додаток на плата за судска полиција за висок ризик и конечна исплата на задржаните пари за време на штрајкот на сите категории вработени. – Трпе Дејановски – генерален секретар на УПОЗ.