Сушниот период ги намали водостоите на реките

0
87

Сушниот период значително го намали водостојот на река Пена. Критична е состојбата во нејзиниот горен дел кај месноста Бањиче, каде голем дел од водата се користи за производство на струја.

Дека голем дел од водата од оваа река се користи за електрична енергија говори и оваа снимка која покажува дека издашноста на Пена се зголемува, откако водата ќе се испушти од хидроцентралата.

Од Центарот за јавно здравје Тетово, велат дека малиот водостој на реката освен флората и фауната ќе го наруши и целиот екосистем.

И граѓаните велат дека не паметат ваков низок водостој на Пена како изминативе недели. Во сушни периоди како овој нема потреба да работи хидроцентралата, која треба да биде контролирана од надлежниот инспекторат.

Од инспекторатот за води велат дека не ја знаат состојбата со Пена и во пракса најчесто вршат контроли на реките по добиените преставки. Конкретно за оваа река велат дека немаат добиено преставка, но во рамки на своите можности  ќе се  обидат да дојдат на лице место за да проверат дали хидроцентралата го испушта биолошкиот мунимум од реката, кој треба да изнесува 10 проценти од годишниот просек на протокот на вода.