Тоше Проески ќе добие улица во српското село Јабука

0
141

Еден од најдобрите пејачи на југословенските простори, како што пишува Политика, македонската музичка икона, Тоше Проески, ќе биде овековечен во банатското село Јабука.

Во ова село живеат голем број жители со македонско потекло. Тие доставиле предлог една улица да го носи името на Тоше, а конечната одлука треба да ја донесе општина Панчево.

Како што пишува Н1 тв, Македонците што живеат во Јабука сакаат на овој начин да му се одолжат на нивниот идол, Тоше Проески.