Трактор излетал од пат, тешко повредено едно лице

0
76

Едно лице се здобило со тешки повреди откако трактор излетал од пат.

Од МВР информираат дека несреќата се случила пред два дена во 9 часот на некатегоризиран пат Демир Капија – Петрово село, кај место викано „Светилник“, во момент кога трактор „торпедо“, без регистарски ознаки, со приколка, управуван од Б.Л.(56) од Неготино, излетал од патот.

-Со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.В.(63) од Неготино и бил пренесен во неготинската болница, истакнуваат од полицијата.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Неготино.