Турција уапси адвокат ангажиран од германската амбасада

0
71

Турција уапси турски адвокат, кого го ангажирала германската амбасада во Анкара, изјави германски дипломат од министерството за надворешни работи. Се оценува дека тој потег би можел да доведе до пораст на тензиите меѓу НАТО партнерите.

„Интензивно се обидуваме да откриеме за какви обвинувања се работи и да му се укине притворот“ рекол неименуван германски претствник, осенувајќи дека притворот е „неразбирлив“, пренесе Ројтерс.

Адвокатот е уапсен во средината на септември, рекол истиот претставник.

Германија го ангажирала адвокатот за собирање документи, кои се однесуваат на турски државјани, кои побарале азил во Германија, пренесуваат германските медиуми. Бројот на Турција кои бараат азил во Германија порасна по неуспешниот државен удар во земјата, за кои Ердоган тврди дека ударот го планирале приврзаниците на свештеникот Фетулах Ѓулен од САД.