Уапсени тројца осомничени за планирање напади во Германија

0
82

Обвинителството во Франкфурт соопштии дека полицијата извршила претрес во три станови во градот Офенбах каде ги притворила осомничените. Првоосомничениот е 24-годишен германски државјанин со македонски корени, а според обвинителството, тој обезбедил материјали потребни за правење експлозиви и на интернет барал огнено оружје. Другите двајца осомничени се турски државјани на возраст од 22 и 21 година.

„Интервенцијата се случи навреме за да се спречи конкретна закана“, изјави обвинителот на Франкфурт, Надја Нисен.

Според неа, осомничените планирале напади со намера да убијат што е можно повеќе луѓе.