Уште еден силен земјотрес во Албанија- потресот почувствуван и во Скопје

0
164

Уште еден земјотрес го стресе Скопје предмалку.

Епицентарот повторно во Албанија во 15 часот и 45 минути на 24 километри од Драч во Јадранското море на длабочина од 10 километри со јачината била 5,3 степени по Рихтер.

Седум минути подоцна е регистриран афтершок од 3,1 степен.

По вчерашниот разорен земјотрес од 6,4 степени до дендес во Албанија беа регистрирани поовеќе од 500 потреси.