УЈП ПОДГОТВЕНА ДА СЕ ВКЛУЧИ ВО ИСТРАГАТА ЗА ДОДАТОЦИТЕ ОД ИЛЈАДНИЦИ ЕВРА ВО СЈО

0
69

Управата за јавни приходи најавува соработка со Обвинителството за да се испита дали имало финансиски злоупотреби во СЈО. Новата алатка „Oтворени финансии“ ги исфрли на површина платите на обвинителите во Специјалното обвинителство, но и додатоците за доверливост кои во просек по обвинител на годишно ниво биле околу 20 000 евра.

Покрај редовната плата, поарнешната шефица на СЈО примила и 157 илјади евра за четиригодишниот мандат како додаток за доверливост – да чува во тајност она што се зборувало во „бомбите“. Премиерот Заев повика да не се ставаат сите обвинители во ист кош со Јанева.

„Сите знаеја дека специјалните обвинители добиваат поголема плата за некои 300 до 500е ,од другите ЈО заради тоа што сериозно презедоа поголемата одговорност и преку додатоците за чувањето на самите материјали кои носат своја дополнителна одговорност во целиот тој дел. Јас нема да дозволам да се фрли негативно петно врз јавните обвинители. Постои истрага за специјалниот обвинител но за другите не е коректно.“ – изјави Заев.