ФРАНЦИЈА СО НОВИ УСЛОВИ ЗА МАКЕДОНИЈА, НО БЕЗ ГАРАНЦИИ: ДО МАЈ ИСПОРАЧАЈТЕ ВИЕ, ЗА ДА ИСПОРАЧАМЕ И НИЕ

0
126

Испорача ли Франција нов сет барања – како предуслов за мајскиот самиот во Загреб за земјава да добие датум за преговори. Добро организирани избори, носење на законот за ЈО, но и борба против корупцијата – со ваква порака во Скопје дојде потпретседателката на францускиот сенат Елен Конве Муре – на средби со пратениците.

Дали по евентуално исполнување на овие барања, ќе биде гарантиран датумот од страна на Париз нема конкретен одговор, засега само благ оптимизам и тоа не од неа, туку од францускиот амабасадор во земјава.

Потпретседателката на францускиот Сенат, која е прва француска официјална претставничка што доаѓа во земјава по француското вето, реши политичките пораки да не ги каже пред камерите. Новите очекувања на Париз од Скопје ги побара Тимоние, кој вели дека само на овој начин може да се испорача добра слика за земја која ги исполнува копенхашкише критериуми. Тимоние е дециден – во Франција се крчка новата методологија за проширувањето.

Каков ќе биде планот на официјален Париз за европската иднина на Западен Балкан – се очекува да се знае во наредните месеци. Дека Франција работи на ревизијата им порача на народните избраници со кои се сретна, заменичка претседателка на францускиот параламент. Но без детали што тоа ќе значи за Македонија.