Шведска се откажа од истрагата за силување против Асанж

0
81

Тој бил пријавен од жена која тврди дека ја силувал за време на посетата на Шведска таа година, јави Би-Би-Си.

Асанж во моментот издржува казна затвор од 50 недели во Велика Британија за кршење на кауција со бегање во еквадорската амбасада во Лондон за да избегне екстрадиција во Шведска.

Асанж помина седум години во амбасадата и беше уапсен на 11 април годинава.

Претходно, шведскиот суд го отфрли барањето за притвор во отсуство на Џулијан Асанж, што значи дека тој не може да биде екстрадиран, а сега тие се откажаа и од истрагата.